Бари, по големина е деветти град во Италија и е главен град на истоимената област Бари и главен град на провинцијата Апулија во југоисточна Италија. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по Неапол. Градот е познат и како градот на Св.Никола, бидејќи во градската катедрала се наоѓаат моштите на светецот, кои постојано привлекувале верниците.Бари претставува свет полн со историја, превкусна храна и градби кои Ви го оземаат здивот. Овој град е спој на градски туризам и плажирање. Токму овде на Бари, ќе најдете најубава пица и незаменлив Аперол, како и локалци кои спремаат домашна паста во своите дворови.Не дозволувајте да ви раскажуваат, придружете ни се и бидете вие тие кои ќе раскажуваат.
Состанок на групата пред хотел Русија во договорено време. Организиран трансфер до Тирана-на аеродром. Полетување кон Бари во 22:00 часот. По слетувањето во Бари, поаѓање кон хотел, сместување и ноќевање.
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за одење на факултативна екскурзија до приморскиот град Полињано, кој во 2016 година беше прогласен за една од петте омилени летни дестинации на Италијанците. Продолжете со патувањето до Алберобело, кое е познато по своите традиционални куќи (трули) кои претставуваат еден од најголемите безвременски примери на италијанската народна архитектура. Локалните жители дојдоа до идеја да изградат Трули, уникатни привремени куќи изградени од камен. Процесот на трансформација и обновување, како и оригиналноста на работата, им обезбеди на овие згради признавање на светското наследство. Шетање низ градот со водич, проследено со слободно време. Продолжете со патувањето до Остуни – живописен, средновековен град кој е препознатлив како белиот град, познатата La Città Bianca, која својот прекар го должи на белата архитектура. Највисоката точка на градот е катедралата, изградена во 15 век, во доцниот готски стил. Духот на средниот век се чувствува на секој агол. Враќање во хотелот. Слободно време. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 14.09.2025 3 БАРИ - МАТЕРА - АЛТАМУРА - БАРИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за одење на факултативен излет до Матера. Возејќи низ живописното село до градот Матера, кој беше европска престолнина на културата во 2019 година, овој град стана познат во Италија по својот стар град, Саси ди Матера (Камења на Матера). Посетете го стариот град, кој поради неговите карактеристики е на листата на светско наследство на УНЕСКО. Денешниот град брои околу 60.000 жители, а интересно е што многу локални жители живеат во нивните домови на предци кои биле изградени пред повеќе од 9.000 години. Благодарение на својата локација, Матера го зачувала стариот изглед низ вековите. Слободно време. На враќање, кратка посета на градот Алтамура, познатиот град на лебот. Разглед на стариот центар на градот, кратко слободно време. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Појадок. Напуштање на собите и одјавување од хотелот. Пешачка обиколка на градот со, катедралата Света Сабинија, базиликата Свети Николе, норманскиот замок Свево, стар град. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродром. Директен лет за Тирана со Wizz во 23:20 часот.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ