
1 ден-СКОПЈЕ СОЛУН ЛАРНАКА
Состанок на групата пред хотел Русија во 06.00 Трансфер до аеродромот во Солун Полетување за Ларнака 15.30 Пристигнување во 17.30 часот Трансфер до хотел Ноќевање.
2 ден ФАМАГУСТА и АЈА НАПА
Појадок Факултативна посета на Фамагуста, крајбрежниот град на Кипар -.Заминување за градот Аја Напа.АјаНапа е можеби нај популарен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни
пејзажи. Некогашно мало, рибарскосело, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и„втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите,
Патување што Ви дава можност да го посетите прекрасниот крајбрежен град Фамагуста и да одите што е можно поблиску до оградениот и запечатениот дел од градот кој е познат низ целиот свет како „град на духови“. Посетатa на манастирот Свети Барнабас, основачот на кипарската православна црква. Следната станица е стариот центар на градот Фамагуста, за да ги видите венецијанските ѕидови во стариот дел од градот и посета на готската црква на Свети Никола и замокот Отело Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање.
3 ден ЛАРНАКА –НИКОЗИЈА
Појадок , Факултативен разглед на главниот град на Кипар Никозија Еден град поделен на два со 130,000 жители , две временки зони , граница и пасошка контрола Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред е посебно искуство Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е наречен Laiki Getonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа и тесни улички, Посета на Катедралата на Св Јован , големата палата на Архиепископот Макариос III првиот и доживотен претседател на републиката . како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во споствеништво на Кипарската православна цркава Слободно врем е за ручек , По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел ,
Враќање во хотел во Ларнака Ноќевање.
4 ден ЛАРНАКА -ЛИМАСОЛ-ПАФОС
Појадок .Факултативна посета на Лимасол и Пафос . На пат кон Пафос поминуваме низ Лимасол
каде имаме пауза во марината на Лимасол. Прошетка низ популарната марина и шеталиштето во Лимасол. По пауза продолжуваме помеѓу плантажата со лимон и портокал Фасури се до античката грчка тврдина Куриум. По посетата на плажата Афродита каде според легендата божицата на љубовта се родила во морска пена. Пауза за освежување и одмор со поглед на карпата на Афродита и кристално чистото море.
Следува продолжување на патот кон градот Пафос, кој има историски споменици под заштита на УНЕСКО, на кој се насликани грчката историја и митологија и првите геометриски зачетоци од античка Грција.
На крајот од посетата, време е за пауза во еден од многуте барови во пристаништето за кафе или ручек по ваш избор.Враќање во хотел Ноќевање.
5 ден ЛАРНАКА -СОЛУН -СКОПЈЕ
Појадок Слободно време Трансфер до аеродромот во Пафос во 18,00 часот Чекирање, пасошки и царински формалности.Полетување од Пафос а во 22 ,00 часот Пристигнување во Солун во 23,59 Трансфер до Скопје.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Автобуски превоз Скопје- Аеродром Солун- Скопје
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
За реализација на програмата потребно е група од 25 патника
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот
Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање .
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни непредвидени причини.
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето