
Плажа: Приватна песочна плажа. За секоја соба има 1 чадор и 2 лежалки на плажа со минимум нарачка од 5 €.
Услуга: Полупансион (појадок и вечера).
Интернет: Бесплатно Wi-Fi на рецепција и на барот покрај плажа.
Сместување: Сместување во собите е после 15 часот локално време, напуштање на собите е до 10 часот последниот ден по локално време.
Типови соби и максимален капацитет
Double Room: брачен лежај или две одвоени легла (едно до друго). Максимум сместување: 2 возрасни и 1 дете до 5 години без дополнително легло.
Bungalow: брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло. Максимум сместување: 2 возрасни + 2 деца (0–11,99 г.) или 3 возрасни.
Family Room with bunk bed: брачен лежај или одвоени кревети и кревет на спрат. Максимум сместување: 2 возрасни + 2 деца (0–11,99 г.) + 1 дете до 5,99 г. или 3 возрасни + 1 дете до 11,99 г.
Дополнителните легла во сите соби се на расклопување. Креветите на спрат се најчесто од железна конструкција.
Сите соби се опремени со клима уред, телевизор (локални ТВ канали), телефон, фрижидер / мини бар, сеф, фен за коса, купатило со туш, балкон или тераса. Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата се во согласност со бројот на легла во истата.
Напомена: Во сите соби има можност за детско креветче (baby cot) – 5 € на ноќ, со претходно барање од клиентите и одобрување од страна на хотелот.
Хотелски содржини
Хотелскиот комплекс се простира на самата песочна плажа, урбано уредена со лежалки и чадори за сонце.
Главниот ресторан „Thalassa“ е место каде се служат појадокот и вечерата на принцип шведска маса, со голем избор на вкусни домашни јадења и специјалитети.
Барот на плажа „Ammos“ е преубаво место на самата плажа и под борови дрвја, каде се нудат свежи сокови, сладоледи, лесни освежувања, коктели и вкусна ужина.
Важна напомена: При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот или барот на плажа. Храната и пијалоците се достапни и можат да се купат во барот на плажата.
Цена по лице за 7 ноќевања со појадок и вечера (HB).
| Термин | Услуга | DBL | Bungalow | Family Bunk Bed |
|---|---|---|---|---|
| 31.05 – 07.06.2026 | 7 HB | 275 € | 299 € | 315 € |
| 07.06 – 14.06.2026 | 7 HB | 349 € | 369 € | 399 € |
| 14.06 – 21.06.2026 | 7 HB | 420 € | 525 € | 545 € |
| 21.06 – 28.06.2026 | 7 HB | 475 € | 579 € | 599 € |
| 28.06 – 05.07.2026 | 7 HB | 515 € | 579 € | 599 € |
| 05.07 – 12.07.2026 | 7 HB | 515 € | 579 € | 599 € |
| 12.07 – 19.07.2026 | 7 HB | 569 € | 665 € | 685 € |
| 19.07 – 26.07.2026 | 7 HB | 569 € | 665 € | 685 € |
| 26.07 – 02.08.2026 | 7 HB | 569 € | 665 € | 685 € |
| 02.08 – 09.08.2026 | 7 HB | 569 € | 665 € | 685 € |
| 09.08 – 16.08.2026 | 7 HB | 569 € | 665 € | 685 € |
| 16.08 – 23.08.2026 | 7 HB | 569 € | 665 € | 685 € |
| 23.08 – 30.08.2026 | 7 HB | 545 € | 609 € | 629 € |
| 30.08 – 06.09.2026 | 7 HB | 465 € | 505 € | 525 € |
| 06.09 – 13.09.2026 | 7 HB | 465 € | 505 € | 525 € |
| 13.09 – 20.09.2026 | 7 HB | 295 € | 315 € | 335 € |
| 20.09 – 27.09.2026 | 7 HB | 275 € | 295 € | 315 € |
Напомена: 2 деца до 11,99 години – бесплатно.
Лежалки и чадори: Лежалки и чадори на плажа – со нарачка.
Сите цени се изразени во евра. За уплата во денарска противвредност се користи курс 1 € = 62 мкд.
Во цената е вклучено:
Превозот се реализира со автобус, комбе или патничко возило, а истото го одредува агенцијата еден ден пред поаѓање.
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде што може да минува превозното средство.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во агенција за време и место на поаѓање. Патниците треба да бидат на местото за поаѓање 15 минути пред кажаното време.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења.
Напомена за резервации со попусти
Начин на резервирање и правила за отказ
Отказни трошоци (надомест во процент од вкупната цена):
Приговори и поплаки
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците треба веднаш да го известат одговорното лице на рецепција. Доколку проблемот не биде решен, задолжително треба да се извести организаторот на патувањето и уплатното место каде што е склучен договорот за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на програмата. Рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците нема да бидат земени предвид.
Организаторот не ја цени исправноста на патните документи.
Во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода и сл.) патниците треба да се обратат на надлежните институции во земјата на престој. Организаторот на патувањето е задолжен да помогне при посредување меѓу патниците и надлежните институции.
За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.