ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Polihrono - Vila Bisera
Vila Bisera

Villa Bisera е нов објект лоциран непосредно до еден од влезовите во Полихроно. Оддалеченоста од околу 70м до главната улица која минува крај црквите во Полихроно, како и дополнителните 300м до градската плажа, ја карактеризираат вилата како одличен избор за престој во Полихроно. Овој целосно реновиран објект со квалитетен мебел и инвентар, од минатата година се вброи меѓу најубавите објекти за приватно сместување во ова познатото туристичко летувалиште. Во својот состав објектот располага со повеќе студија и апартмани, распоредени во приземје и трите ката на зградата. Студијата освен со мини кујна опремени се и со дупли и помошен лежај на отварање, кој е соодветен за сместување на дете како трето лице. Апартманите пак имаат посебна спална соба во која се наоѓа дуплиот лежај и дневна соба во која освен одлично опремена кујна има и кауч со фиока (душек) на отварање. Во собата е можно сместување уште на две возрасни лица. Во сите единици од објектот, кујните се комплетно опремени, а креветите и душеците за престој се со хотелски квалитет. Во студијата, како и во апартманите (во двете простории) се инсталирани клима уреди чие користење е бесплатно. Во објектот е овозможено и користење на WiFi интернет. Паркингот е можен на улиците во неговата близина.

· Цените се дадени за наем на студио/ апартман на 7 ноќeвања
· Доплата за превоз 45 евра за возрасен, 35 евра за дете до 12 години

СМЕНА ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1/2+exb STD

(3 лица)

APT1B 1/2+2 

(4 лица)

APT1B 1/2+2 SSV 

(4 лица)

APT1B 1/2+2 SV 

(4 лица)

1 24.05.2025 7 154 189 209 224
2 31.05.2025 7 201 246 272 291
3 07.06.2025 7 241 295 326 349
4 14.06.2025 7 289 354 391 419
5 21.06.2025 7 317 389 430 461
6 28.06.2025 7 349 428 473 507
7 05.07.2025 7 384 470 520 557
8 12.07.2025 7 403 494 546 585
9 19.07.2025 7 443 543 601 643
10 26.07.2025 7 488 598 661 708
11 02.08.2025 7 488 598 661 708
12 09.08.2025 7 488 598 661 708
13 16.08.2025 7 464 569 630 674
14 23.08.2025 7 422 517 572 613
15 30.08.2025 7 384 470 520 557
16 06.09.2025 7 349 428 473 507
17 13.09.2025 7 291 357 394 422
18 20.09.2025 7 224 274 304 325

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови. Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1парче рачен багаж.

Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување

Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 06:00 ч. (паркинг сц Борис Трајковски)
– Велес, во 06:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во 07:00 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во 07:30 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во 08:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.
· Туристичка такса се плаќа на лице место
За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,

Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат

Попустот важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.

 

НАПОМЕНИ: 

Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.

Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот, агенција не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.

Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.

Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.

Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.

Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.

Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.