
Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности (слободни прошетки, кафе, шопинг …) Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 21:30 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 23:10 часот.
Појадок во хотел. По појадокот e предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) – Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 – ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 – тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини – најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел. По појадокот заминување кон паркот Тиволи (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини. Враќање во Рим и посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа се посетува (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим – Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:55 часот. Полетување за Рим во 18:55 часот. Пристигнување во Рим во 20:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Ноќевање.
Цена на аражманот: 399eur
Во цената е вклучено:
· Директен лет на релација Скопје – Рим – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
· Аеродромски такси
· Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
· Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
· Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* (централно подрачје)
· 3 ноќевања со појадок;
· Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
· Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
Во цената не е вклучено:
· Доплата за 20 kg багаж (куфер);
· Доплата за еднокреветна соба 120 €
· Туристичка такса – 7,5 € по лице на ден ( се плаќа во агенција)
· Билети за јавен превоз со метро;
· Патничко осигурување;
· Организиран панорамски разглед на Рим со локален водич – 20 €;
· Организирана факултативна посета на Ватикан и Систинската капела – 70 € (со локален водич и влезница)
· Организирана посета на Тиволи, со локален водич, влезница за Villa D`Este – 70 €;
Важно:
Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција при уплата на арнжманот. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.За реализација на истите потребно минимум од 16 лица.
· Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
· Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
Факултативни излети:
Организиран панорамски разглед на Рим со локален водич
Цена за пакет: 20
Организирана факултативна посета на Ватикан и Систинската капела (со локален водич и влезница)
Цена за пакет: 70
Организирана посета на Тиволи, со локален водич, влезница за Villa D`Este
Цена за пакет: 70