БУДИМПЕШТА - Убавицата на Дунав, формирана од двата града Будим и Пешта, со впечатлива архитектура и уште повпечатливиот танц на Унгарската “Чарда“ и најромантичното крстарење под мостовите на Дунав… Виена-некогашен главен град на Австро – Унгарската Монархија, посетен од милиони туристи поради многубројните културно историски споменици, дворци (Белведере, Шенбрун), светска музичка престолнина –град во кој живееле композиторите Моцарт, Бетовен…
Автобуски превоз од Скопје,Куманово,Велес,Штип,Неготино,Кавадарци
Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите места предвидени во програмата. Во пакетот спаѓа разглед на Будимпешта, крстарење по Дунав, посета на Виена и Сент Андреа.
Прв ден:22.10.2025 ВЕЛЕС-СКОПЈЕ-КУМАНОВО - БУДИМПЕШТА
Поаѓање во 15.00ч од Велес (Автобуска станица),Скопје,Куманово, преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности..
Втор ден:23.10.2025 БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Разгледување на Будимпешта со локален водич и тоа: Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарска Тврдина и др. Пешта, Плоштадот на хероите,Градскиот парк, улиците Андраши и Ракочи, Црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав… Слободно време за кратка прошетка низ центарот на градот по пешачката зона на улицата Ваци. Сместување во хотел.Слободно попладне. Факултативно крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.
Трет ден:24.10.2025 БУДИМПЕШТА-ВИЕНА
Појадок. По појадокот факултативен целодневен излет до Виена. Разгледување на градот со локален водич , Плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедралата Св. Стефан, дворците Белведере и Шенбрун. Слободно време во центарот на Виена. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.
Четврти ден:25.10.2025 БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА - СЕГЕДИН
Појадок.Одјава од хотел.Факултативно заминување кон Сент Андреа разглед на знаменитости, слободно време Потоа се упатуваме кон Сегедин кратка прошетка слободно време.Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
Петти ден:26.10.2025
Пристигнување во Скопје/Велес во раните утрински часови.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : (149 евра) со задолжителен пакет факултативи 85 евра (редовна цена на факултативите 95 евра),
РЕДОВНА ЦЕНА: 179 евра без пакети
Автобуски превоз на дадената релација ( Организиран трансфер од Кавадарци,Неготино,Штип)
Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Будимпешта
Посета на Сегедин
Организација и придружник на патувањето
Задолжителна туристичка такса 5€ по лице за 2ноќи(се плаќа во агенција)
Панорамски разглед на Будимпешта со локален водич - 15€
Крстарење со брод по Дунав со локален водич – 25€
Целодневен излет до Виена и разгледување со локален водич – 40€
Посета на Сент Андреа со локален водич 15€ (задолжително)
Задолжително патничко здравствено осигурување без франшиза (од било која осигурителна компанија)
Влезници за културно историските споменици