
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет. Директен лет од Скопје до Милано со авиокомпанијата WIZZ AIR во 18:10ч. Пристигнување во Милано во 20:20 ч. Организиран превоз со автобус до хотелот во Милано. Сместување во хотел.Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирана посета на Милано: замокот Сфорца, плоштадот и катедралата Дуомо – најголемата готска катедрала во светот, галеријата Виторио Емануеле – првиот трговски центар, Ла Скала операта. Поаѓање за Рапало (околу 3 часа). Краток разглед (околу 30 мин). Поаѓање за Портофино. Краток разглед. Враќање во Санта Маргерита Лигуре. Краток разглед. Поаѓање кон Џенова. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организиран панорамски разглед на Џенова: палатите на улицата Via Garibaldi, Piazza de Ferrari – главниот плоштад, Carlo Felice Theater, Via Balbi – историска улица со импресивни барокни палати, Palazzo Reale - кралската палата, катедралата Sаn Lorenzo, пристаништето. Поаѓање за Вараце (околу 40 мин.). Краток разглед (околу 30 мин.). Поаѓање за Савона (околу 30 мин.). Краток разглед (околу 30 мин.). Поаѓање за Санремо (околу час и половина). Краток разглед (околу 1 час). Поаѓање за Вентимиља (околу 30 мин.). Кратка прошетка во Вентимиља. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Поаѓање за Мантон (околу 30 мин.). Краток разглед (30 мин.). Патувањето продолжува за Монте Карло (околу 20 мин.). Разглед на Монте Карло: стариот историски дел, океанографскиот музеј, Saint Martin паркот, резиденцијата на монаршката фамилија Грималди, променадата Albert I, каде се оддржува Formula 1, плоштадот Казино. Поаѓање за Ница (околу 40 мин.). Разглед на Ница: националниот театар и плоштадот Грибалди, стариот град, катедралата во Ница, плоштадот на Правдата, Англиското шеталиште – едно од најубавите на Медитеранот, каде што се наоѓаат едни од најлуксузните хотели како Westminster, Hotel Royal и Negresco, Булевар на Павилјонот – познат по луксузни продавници, хотели и ресторани, плоштадот Масена. Сместување во хотел. Ноќевање.
5 ден
Појадок. Поаѓање за Антиб (околу 30 мин.). Краток разглед на градот (околу 30 мин.), познат по луксузното пристаниште. Поаѓање за Кан (околу 30 мин.). Краток разглед на Кан (околу 30 мин.), градот на модата и кинематографијата. Поаѓање за Фрејус (околу 1 час). Краток разглед на градот (околу 30 мин.), значаен римски град и пристаниште. Поаѓање за Сен Тропе (околу 1 час). Краток разглед на градот (околу 30 мин.), познат по своите плажи и луксузни резиденции. Поаѓање за Иер (околу 1 час и 15 мин.). Панорамски разглед на овој средовековен град. Поаѓање за Тулон (околу 30 мин.). Краток разглед на градот (околу 30 мин.), познат по военото пристаниште. Поаѓање за Сиота (околу 50 мин.). Краток разглед на градот (околу 15 мин.) со историско кинематографско значење, убави плажи и живописно пристаниште. Поаѓање за Касис (околу 30 мин.). Панорамски разглед на овој провансалски град со пристаниште и карпести заливи. Поаѓање кој Марсеј (околу 50 мин.). Сместување во хотел. Ноќевање.
6 ден
Појадок. Организиран разглед на Марсеј: Notre Dame de la Garde – катедрала на највисоката панорамска точка во градот, старото пристаниште, дворецот со фонтански комплекс Лонгшамп. Враќање во хотел. Ноќевање.
7 ден
Појадок. Поаѓање за Лион (околу 3 часа). Оранизиран разглед на Лион: Стариот Лион, катедралата Св. Јован Крстител во готичко – романски стил, познатите улички и скриени премини низ згради “traboules”, базиликата Notre-Dame de Fourvière, плошатадот Белкур и кејот на Рона. Трансфер до аеродромот во Лион. Диретен лет Лион – Скопје. Полетување од Лион во 22:35. Пристигнување во Скопје во 00:50 часот.
Цена на аранжманот: 1398eur
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Напомена: