Eвија, вториот по големина остров во Грција или трет на источниот Медитеран, се наоѓа на одалеченост од околу 490 км од Скопје. Богатата флора и фауна, поволните климатски услови, долгата сезона, мноштвото убави плажи и термални извори, ја чинат Евиа една од најпопуларните дестинации помеѓу домашното население. Главниот град на островото е Халкида, која во минатото била еден од најразвиените и највлијателните градови во Античка Грција. Ова острово е богато со археолошки наоѓалишта, манастири, традиционални села, како и повеќе хотелски комплекси. Со своите туристички содржини, нуди различни можности за богат одмор и забава. Најпопуларни туристички места на островото се градчињата Пефки, Лимни и Едипсос.
Пефки - најпознатото и најомилено одморалиште за нашите туристи на вториот по големина грчки остров Евиа, се наоѓа на околу 60 километри од Волос (околу 50 километри Волос-Глифа)-(мало пристаниште), фериботско возење (20-30 минути), околу 10 километри од Агиокампос (мало пристаниште на северот на Евиа - Пефки).
Од плажата во Пефки и од рестораните и кафулињата покрај брегот, има прекрасен поглед на островите Скијатос и Скопелос, како и влезот во заливот на Волос. Климата е исклучително пријатна, благодарение на комбинацијата на големи области борова шума и маслинови дрвја, кристално чисто море и исклучително поволна географска положба. Островот е познат по своите бесконечни песочни плажи, културни и историски места, манастири и недопрена природа што овозможуваат безброј можности за уживање и разгледување. Пефки има рибарско пристаниште и изобилува со пријатни ресторани, таверни, кафулиња, многу разни продавници, бутици, златарници, намирници и пазар на риби, каде што можете да купите свежа риба фатена од локалните рибари. Градот ги нуди сите можности за пријатен и убав одмор. Пефки е погоден за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор со прекрасна широка плажа.
Вилите немаат сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина на објектите. Секоја вила има интернет. Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал или технички проблеми и пречки кои може да се појават. Ценовник бр.2(01.01.2024)
ВИЛА АСТЕРИА – ЕДИПСОС
Вила Астериа е една од поубавите вили во Едипсос. Се наоѓа на околу 100м од термалните извори и од плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на приземје и на кат. Секое студио е опремено со кујна и садови согласно бројот на кревети во собата, купатило, тв, клима и тераса (двор) и интернет. Вилата има рецепција, бар и лифт.
Едипсос е мало и фамилијарно место.До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата.Ова место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè.Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето.
СМЕНА | ПЕРИОД | АСТЕРИЈА-ЕДИПСОС | |
1/2 СТД | 1/3 СТД | ||
1 | 24.05-31.05 | 120 | 130 |
2 | 31.05-07.06 | 130 | 140 |
3 | 07.06-14.06 | 160 | 170 |
4 | 14.06-21.06 | 180 | 190 |
5 | 21.06-28.06 | 200 | 210 |
6 | 28.06-05.07 | 220 | 230 |
7 | 05.07-12.07 | 250 | 260 |
8 | 12.07-19.07 | 250 | 260 |
9 | 19.07-26.07 | 270 | 280 |
10 | 26.07-02.08 | 270 | 280 |
11 | 02.08-09.08 | 270 | 280 |
12 | 09.08-16.08 | 270 | 280 |
13 | 16.08-23.08 | 260 | 270 |
14 | 23.08-30.08 | 260 | 270 |
15 | 30.08-06.09 | 240 | 250 |
16 | 06.09-13.09 | 220 | 230 |
17 | 13.09-20.09 | 200 | 210 |
18 | 20.09-27.08 | 150 | 160 |