
Во цената е вклучено:
Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз, Лиценциран придружник
Лиценциран туристички водич
Посета на Капали Чаршија
Туристичка такса
Посета на турската продавница „КОСКА”
Шопинг во „Аутлет 212“ Центарот
Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување
Факултативни излети
Индивидуални трошкови
Важно:
Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплатуваат 30 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од редовниот износ на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (во исклучителни случаеви и преку Република Бугарија) до Турција
Балат и Таксим Плоштад (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА) - 25е
Цена за пакет: 25e
-Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.
-Tаксим. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.
Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Палата Ќучуксу, Кадикој, Чамлиџа Џамија - 85е
Цена за пакет: 85e
-Крстарење
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
-Бејлербеи,
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.
-Палатата Ќучуксу,
Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.
-Кадиќој
Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.
Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.
Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.
Општи напомени: