МАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски програми - Прага - 19.03. - 22.03.2026 - втора програма
Прага - 19.03. - 22.03.2026 - втора програма

Prague: A One-Week Stay in the Czech Republic | Smithsonian Journeys

19. март (четврток)    СКОПЈЕ - ПРАГА  
Состанок на групата на аеродромот во 10:30 часот рано наутро. Полетување за Прага во 12:30 ч. Пристигнување во 16:00 часот. Трансфер и сместување во хотел. Вечерта можност за индивидуални прошетки по Вацлавски плоштад или факултативно крстарење по В’лтава со вклучена вечера. Ноќевање.

 

20. март (петок)    ПРАГА (панорамски разглед)
Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич (јавен превоз): Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица...Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

 

21. март (сабота) КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари - најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12-те извори... прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите локални производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Вечерта слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

22. март (недела) ПРАГА - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од собите. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа голем шопинг центарот OC DBK со голем број на продавници, бутици и ресторани. Трансфер до аеродромот во Прага во 14:00ч. Лет за Скопје во 16:40 ч. Пристигнување после полноќ на 23 март во 00:15 часот.

Цена на аранжманот во претпродажба: 379 € / 23.498мкд
Цена на аранжманот: 429€ / 26.598 мкд 

 

Во цената е вклучено:
- Авионски превоз со Austrian Airlines на релација: Скопје - Прага – Скопје (со едно преседнување)
* Рачна торба со димензии 10*30*40см до 3кг
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.
- Аеродромски такси
- Трансфери во Прага: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во хотел Ilf ***, на база 3 ноќевања со појадок 
- Организиран пешачки панорамски разглед на Прага
- Организација и реализација, придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса во хотел 2,2€ по лице од ноќ
- Карти за јавен превоз (метро, автобус...)
- Доплата за 1/1 соба 60€
- Факултативни излети и посети: 
* Карлови Вари 65€ (уплата и резервација во агенција)
* Крстарење по В’лтава со вклучена вечера без пијалок 25-30€
- Влезници за музеите и културно - историските споменици 

 

 НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници.